Нареди на тест

Процедура на Harmony Тестот

Пред спроведувањето на Harmony Тест-от трудницата би требало да има направено ултразвучен преглед, со цел утврдување на неделата на бременост и дали се работи за едноплодна или повеќеплодна бременост.
Процедура на Harmony Тестот

Процедура на испитувањето

Harmony Тестот може да се направи од 10. недела на бременост (ГН 10+0). Пред спроведувањето на Harmony Тест-от трудницата би требало да има направено ултразвучен преглед, со цел утврдување на неделата на бременост и дали се работи за едноплодна или повеќеплодна бременост.

Процедурата е илустрирана на сликата подолу:

Procedura Harmony prenatalnog testa

Деталниот редослед на чекори е следниот:

  1. Пациентката сака да направи Harmony Тест
  2. Генетско советување
  3. Земање примерок од венска крв од мајката
  4. Пополнување на Барање за спроведување на анализи
  5. Праќање на примерокот во Cenata GmbH лабораторијата во Германија
  6. Спороведување на анализите
  7. Изолирање плазма од целокупната крв   Изолирање cfDNA  DANSR анализа      Microarray (хибридизација, приказ на слика)     FORTE анализа
  8. Анализа на податоците и составување извештај со наодите
  9. Праќање на резултатите во Био Сејв
  10. Извршување на уплата
  11. Био Сејв ги соопштува резултатите од анализата на пациентката

Предуслови за спроведување на Harmony Тест-от

Тестот може да се направи кај сите бремености, и во случај на примена на In Vitro фертилизација (IVF), независно од тоа дали се работи за донирана јајце клетки или не. Harmony Тестот се применува и кај близначки бремености. Утврдување на пореметувањата во бројот на половите хромозоми (X, Y), како што се на пример, Тарнеров или Клинефелтеров синдром, моментално не е можно кај близначки бремености.

Табелата во продолжение дава преглед на опциите на Harmony Тестот кои моментално можат да се спроведат кај едноплодна, односно повеќеплодна бременост.

Harmony T21/18/13Harmony T21/18/13 + XY
Утврдување на пол (по барање)
Едноплодна бременост (спонтано или со помош на IVF)
Близначка бременост (спонтано или со помош на IVF)

 

Предуслов за спроведување на Harmony Тестот е детално информирање на пациентката. Доколку пациентката се одлучи за тестот, од нејзе се земаат 2 x 9 ml венска крв. По деталното пополнување на Барањето за спроведување на анализи, двете епрувети со крв во согласност со приложеното упатство се пакуваат и праќаат преку курирска служба во нашата лабораторија во Германија. Грижата за земањето на крвта и транспортот ја превземаат соработниците на Био Сејв.

Био Сејв се грижи за тоа примерокот со крв од трудницата да стигне во лабораторијата во Германија веќе следниот ден. Примероците не смеат никогаш да се ладат или замрзнуваат, бидејќи во спротивно доаѓа до хемолиза и тестот не може да покаже резултат кој би можел да биде протолкуван.

Harmony Тестот се спроведува во согласност со германските и европски стандарди за квалитет и заштита на податоци. Софтверот со чија помош се спроведува анализата на тестот поседува ознака CE.

Примероците и податоците од пациентките не ја напуштаат Германија.

Времето на обработка, од приемот на примерокот во лабораторијата до праќањето на извештајот со резултатите, изнесува просечно 3 работни дена. Резултатите за пациентката пристигнуваат во Био Сејв најкасно на 4. работен ден од денот на вадењето на крвта.

Причини за недостаток на резултати

Во ретки случаеви може да се случи уделот на ДНК од бебето (cffDNA) во крвта од мајката да биде релативно мал и од таа причина да можат да се добијат резултати. Во вакви случаи нашата лабораторија во Германија прво автоматски прави повторување на анализите. Доколку и при потореното испитување не се добие резултат, се смета дека наодот е „неовозможно да се протолкува“. Доколку е потребно, можно е повторно да се прати нов примерок со крв во некоја подоцнежна недела од бременоста, како резултат на тоа што, како бременоста одминува, содржината на феталната (бебешка) ДНК (фетална фракција) во мајчината крв се зголемува.

Слика 1: Поврзаност на „фетална фракции“ и гестациска недела (ГН) (модифицирано според извор)

Пред 21. гестациска недела: Феталната фракција расте за 0.11 % неделно
По 21. гестациска неделаФеталната фракција расте за 1.1 % неделно

Други причини за неуспешна анализа се на пример донирани јајце клетки, случај на исчезнат близнак, непознати хромозомски абнормалности присутни кај мајката и друго.

За толкување на наодите или околу прашања за методата на Harmony Тест-от на располагање Ви стои нашиот тим на квалификувани медицински стручни соработници.