Нареди на тест

Процедура на Harmony Тестот

Како се тоа функционира?
Процедура на Harmony Тестот

Harmony Тестот може да се направи најрано во 11 недела од бременоста (од недела 10+0).

Пред спроведувањето на Harmony Тестот Вашиот гинеколог би требало да Ви направи ултразвучен преглед со цел утврдување на гестациска недела и дали се работи за едноплодна или повеќеплодна бременост.

Би требало да се посоветувате со својот лекар која опција на Harmony Тестот е најпогодна за Вас, а медицинскиот соработник на Био Сејв истотака ќе Ве информира за целокупниот Harmony Тест.

Процедурата е илустрирана на сликата подолу:

По пополнувањето на Барањето за спроведување на анализите, лаборант зема две епрувети од Вашата венска крв, а Био Сејв ги праќа примероците во лабораторијата во Германија. Потребно е просечно 3 работни дена за целокупната анализа од приемот на примерокот во лабораторијата. Потоа Био Сејв ги добива резултатите од германската лабораторија и Ве известува околу наодите.

Деталната низа на чекори е следната:

  1. Пациентката сака да направи Harmony Тест
  2. Генетско советување
  3. Земање на примерок од венска крв од мајката
  4. Пополнување на Барањето за спроведување на анализи
  5. Вршите плаќање
  6. Праќање на примерокот во Cenata GmbH лабораторијата во Германија
  7. Спроведување на анализите во Cenata GmbH во Германија
  8. Анализа на податоците и составување на извештаи со наодите од страна на лекарите од Cenata GmbH
  9. Праќање на резултатите во Био Сејв
  10. Био Сејв ги соопштува резултатите од аналзите на пациентката

Prenatalni test Harmony se sprovodi u NemačkojHarmony Тестот се спроведува во лабораторија во Германија во согласност со германските и европските стандарди за квалитет и заштита на податоци. Ниту Вашите примероци, ниту Вашите податоци не ја напуштаат Германија.

Предуслови за спроведување на Harmony Тест-от

Тестот може да се направи кај сите бремености, и во случај на прима на In Vitro фертилизација (IVF), независно од тоа дали се работи за донирана јајце клетка или не. Harmony Тестот е применлив и кај близначки бремености. Сепак, стапката на детекција кај близначките бремености изнесува 92% и со оглед на досегашните податоци не е толку висока како кај едноплодните бремености. (1,2). Утврдување на пореметувања на половите хромозоми (X,Y) како што се на пример Тарнеров или Клинефелтеров синдром, кај близнаци не е возможно.

Табелата во продолжение дава преглед кои оцпии на Harmony Тестот може да се направат кај едноплодна, односно кај повеќеплодна бременост.

Harmony T21/18/13Harmony T21/18/13 + XY
Утврдување на полот (по барање)
Едноплодна бременост (спонтано или со помош на IVF)
Близначка бременост (спонтано или со помош на IVF)

 

Медицинскиот соработник во Био Сејв ќе Ви го образложи извештајот од резултатот и ќе Ви даде совети за понатамошното следење на бременоста. Во случај на позитивен (абнормален) резултат на тестот, крајната дијагноза мора да биде утврдена со амниоцинтеза или хорион-биопсија, пред донесување на понатамошна одлука за бременоста.

Причини за недостаток на резултати

Во ретки случаи може да се случи уделот на ДНК од бебето (cffDNA) во крвта на мајкта да биде релативно мал и од таа причина да не може да се добие резултат. Во вакви случаи нашата лабораторија во Германија прво автоматски прави повторување на анализата. Доколку и при повторното испитување не добие резултат, Био Сејв ќе Ве извести за тоа. Доколку е потребно, можно е во некоја подоцнежна недела од бременоста повторно да се испрати нов примерок со крв, а како резултат на тоа со напреднувањто на бременоста, содржината на фетална (бебешка) ДНК (фетална фракција) во мајчината крв ќе се зголеми.

Други причини за неуспешна анализа се на пример донирани јајце клетки, а ние претходно да не сме информирани, потоа случај на исчезнат близнак, како и непознати хромозомски абнормалности присутни кај мајката.